Радио Милева најголема поддршка

Ова е сопругата на Ален Исламовиќ – Пејачот вешто ја крие од јавноста (фото)

Ова е сопругата на Ален Исламовиќ – Пејачот вешто ја крие од јавноста (фото)

Ален Исламовиќ е во брак повеќе од четири децении и речиси никој не знае како изгледа неговата сопруга.

Пејачот е во брак со Марјана 45 години. Се запознале кога тој имал 22, а таа 16 години.

Иако се од различни вери и поминале доста, тие останале заедно. Нивната љубов издржала сè.

– Ја запознав Марјана кога таа имаше 16, а јас 22 години. Бев никој и ништо, само локален пејач во бендот „BAG“. Ние двајцата сите овие години пливавме заедно низ сите бури и се обидувавме да преживееме и да го зачуваме нашиот мир. Таа беше мојата најголема поддршка низ сè низ што поминав и во сите одлуки што ги донесов, а тие понекогаш беа болни и неизвесни. Бракот е компромис, безбедно засолниште и треба да знаете како да го зачувате – еднаш изјави Исламовиќ за тамошните медиуми.

 

Пејачот постојано нагласуваше дека неговата сопруга му била најголема поддршка во сите одлуки и тешки и ризични. Ален Исламовиќ и Марјана имаат две возрасни ќерки, а денес и двајцата уживаат во улогата на баба и дедо.

фото: printscreen/instgaram/TV Pink

To top