1018 hPa
46 %

20 °C
Скопје - Пет, 30.05.2025 12:53
Украинскиот уметник и сликар, Александар Исаков, израснал во Хановер, Германија.
Таму студирал дизајн на осветлување, со фокус на инсталации и уметност која како медиум го користи светлото. Никогаш неговата намера не била да учи сликарство, тоа е нешто што го научил попатно.
Често ги истражува симетријата и метежот, полни со сложени детали, а неговата работа може да се најде на глобално ниво, при што секоја локација раскажува различна приказна. Исаков е ко-основач на колективот за улична уметност GuapoSapo, a неговите мурали го носат на различно локации ширум светот, од Србија и Холандија до Руанда и Уганда.
„Навистина брзо ми се досадува и затоа и мојата уметност се движи брзо“ - изјавува Исаков.
Извор: Wepresent.wetransfer.com