Акција за собирање кабаст отпад во Општина Ѓорче Петров

Акција за собирање кабаст отпад во Општина Ѓорче Петров

пред 1 месец

Во рамки на тековната акција за отстранување на кабаст отпад и еколошки ризични материјали, од територијата на општина Ѓорче Петров собрани и безбедно транспортирани се над 130 метри кубни кабаст отпад и повеќе од 700 стари гуми.

„Отпадот е депониран на соодветна локација – депонијата Дрисла, во согласност со еколошките стандарди. Акцијата опфати повеќе локации, вклучувајќи јавни површини, улици, паркови и диви депонии. Целта е да се елиминираат изворите на загадување и да се унапреди квалитетот на животната средина за жителите на општината“, велат од Општината.

Општина Ѓорче Петров упатува благодарност до сите граѓани кои се вклучија во акцијата и ги повикува сите жители да продолжат со одговорно постапување кон отпадот и зачувување на јавниот простор.

Граѓаните се уште имаат можност да го одложат кабастиот отпад на означените локации. Акцијата трае до 21 мај.

Текстот Акција за собирање кабаст отпад во Општина Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.

Share