Објавено на:

Шкендија по којзнае кој пат ја посрамоти Македонија!

t

Бившиот македонски првак Шкендија, пред низа години стандарден учесник во плејоф фазата во Лига Европа, доживеа тежок дебакл вечерва во Велс и испадна од аматерскиот Хаверфордвест Каунти по пенал рулетот, со 2-3 (0-1 по 120 минути игра).

Не е првпат Шкендија да се избламира на европска сцена, последен пат кога губеше од луксембуршки Дуделанж и естонски Номе Каљу, ама вечерва ептен се посрамотија против велшките аматери, зашто бea апсолутни фаворити и прашањето беше само со колку разлика ќе одат во второ коло, за на крај да излезе дека ни овие аматери тетовци не може да ги минат.

Иако ја удавија топката во 210 минути сосе вечерашните продолженија, едвај дадоа еден гол, а имаа низа шанси, мечот мораше да го решава пенал рулетот, откако на минута пред крајот на регуларниот дел Хаверфордвест успеа да дојде до гол за дополнителни 30 минути, во кои тетовци напаѓаа, но не поентираа.

А, во рулетот, сѐ тргна во нивна корист, Хокинс утна во првата серија, но Ералдо Чинари и Мевљан Адили промашија во втората и третата серија, па Велшаните добија предност. Шанса да останат во игра им даде Фоусет со второто промашување во петтата серија, но Флорент Рамадани не го реализира клучниот пенал за трета утка и голем историски успех на Хаверфордвест.

Македонија после елиминацијата на Македонија ЃШ и сега на Шкендија, останува само на два тима во второто коло, Струга ТЛ во шампионската група во Конференциската лига и двомеч со Будуќност, а Шкупи со Левски во регуларниот дел на истото натпреварување.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…