logo
logo
logo

Авион со шест патици се урна во Њујорк, има жртви

Vecer | 13.04.2025

Авион со шест патици се урна во Њујорк, има жртви

Според првичните информации, во леталото имало шест лица, објави Еј-Би-Си Њуз.

- „Мицубиши МУ-2Б“ вчера околу 12:15 часот по локално време се урна во нива во близина на градот Чопеј. Авионот се упатил кон аеродромот во областа Колумбија во Хадсон, Њујорк, се вели во соопштението.

Најмалку едно лице загина, а се уште нема информации за причините за авионската несреќа.

Заменичката на шерифот на округот Колумбија, Жаклин Салваторе, им рече на новинарите дека снегот и влажната земја ја попречуваат истрагата.

- Тоа е среде поле и е прилично калливо, па пристапот е тежок - рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk