Трајко Славески по свечената изјава: Девизниот курс е стабилен, ама инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2025 13:43
Новоизбраниот гувернер Трајко Славески денеска во Собранието даде свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Славевски синоќа пред полноќ со 68 пратенички гласови беше изгласан за нов гувернер на Народна банка со мандат од седум години, а на таа позиција ќе ја наследи Анета Ангеловска-Бежоска.
„Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција, посочи новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, во денешната свечена изјава.
Славески подвлече дека Центаллната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација односно ценовна стабилност, финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата. Додаде дека очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курст, но дека тој како професионален економист го следи и реалниот девизен курс.
-Очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курс, но овде сакам да кажам една работа пошироката јавност е фокусирана на она што се нарекува номинален девизен курс, кој очекуваме да биде фиксиран, но јас како професионален економист го следам и реалниот девизен курс кој зависи од односот на нашите домашните цени и цените со нашите трговски партнери пред се оние во еврозоната. За жал во изминатиот период особено по 2022 година имаме значителна реална прецијација на реалниот девизен курс, а тоа се должи на високата инфлација кај нас, која беше повисока во просек од онаа во еврозоната. Реалниот девизен курс на денарот од 2002 година ноември до јануари од оваа година е зајакнат за 5,4 проценти во однос на сите трговски партнери, а во однос на еврото денарот има апресирано цели 9 проценти, изјави Трајковски.
Појасни дека тоа значи губење на конкурентноста на македонската економија.
-Република Македонија станува поскапа за нашите трговски партнери тоа го погодува извозот, еве ни претстои туристичка сезона во нашите туристички центри имаме и откажувања на аранжмани со изговор од агенциите од странство дека Република Македонија станала релативно скапа земја. Ова значи дека ќе треба инфлацијата, стапката на инфлација да ја држиме во рамки на онаа во еврозоната. Тоа што имавме стабилен фиксен девизен курс изминатиов период се должеше на една единствена причина, нашата стапка на инфлација беше во рамкиите на онаа во еврозоната со која е врзан денарот, смета тој.
На прашањето дали по стабилноста на курсот на денарот веднаш ќе биде воведен флексибилен девизен курс рече дека во никој случај нема да се случи тоа.
-Ако е преценета вредноста со ниска инфлација во рамките на таа од еврозоната со тек на времето, ќе се испеглаат тие разлики,посочи Трајковски.
На дополнителното прашање дали ова значи дека фиксниот девизен курс „не врши работа“, тој со одговор.- Не, напротив, фиксниот девизен курс останува, дај боже во догледно време Македонија да стане членка на Европската унија и да го воведеме еврото како национална валута, објасни Славески.
Можеби ќе ве интересира
СОСТОЈБАТА ВО М-НАВ Е ВЛОШЕНА: Струковиот синдикат на контролори на летање предупредува - застарениот технички систем е во критична состојба

Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

ГРЦИЈА ЕКСТРАДИРА МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНИЈА: Обвинет е за кражба и убиство на старец

МЕТЕОАЛАРМ: Можни се нови поројни дождови, ново големо невреме доаѓа во Македонија!

КОГА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ЗБОРУВА ЗА ВМРО, ЕВЕ КАКО ТОА ИЗГЛЕДА: „ВМРО не е ваша сопственост, ВМРО е во генот на Македонецот“, вели Костадинов

„НЕТАНЈАХУ ВОЈУВА ЗАТОА ШТО ИМА 22 КРИВИЧНИ ЗА КОРУПЦИЈА“: Аналитичарот Гајдов со став за ситуацијата помеѓу Израел и Иран

ПРЕДИЗБОРНИ МАТЕМАТИКИ: Со кого ќе коалиција партијата на Димитриевски?

(ВИДЕО) „ПОТОП“ ВО ДЕЛОВИ НА СКОПЈЕ И ВЕЛЕС: Еве какво беше невремето во делови од земјава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десет повредени од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје
