ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.08.2022
3Д печатач спаси бебе родено со 1/5 од черепот
Автор: Goce Author

3Д печатач беше клучен во спасувањето на животот на бебе кое се родило со само една петтина од черепт во Полска.

Хирурзите често вршат сложени операции, а кога станува збор за дете или бебе, тоа е уште покомплициран процес. Меѓутоа, хирурзите во Полска успеале да спасат бебе кое се родило само со една петтина од черепот.

Операцијата е извршена во Прешов, Полска на новороденче, кое благодарение на стручноста на хирург и 3Д печатач го добило делот од черепот кој недостасувал. На овој начин бебето било спасено иако имало критично неразвиен череп, а со 3Д печатач за само еден ден бил испечатен прецизен модел.

Доколку операцијата не била планирана и изведена во рок од четири дена, бебето ќе умрело. За да се испечати черепот, сите проекти беа стопирани во Sygnis, што заврши фантастична работа.

На проектот работеле двајца инженери, а за да се избегне ризикот за бебето, користени се две различни технологии. Првиот е подготвен со SLS технологија за 24 часа, а вториот со SLA технологија за осум часа.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?