Фудбал

Мареска задоволен од изданието на неговиот тим на натпреварот со Лос Анџелес

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска ја коментираше победата над Лос Анџелес (2:0) во натпреварот од групната фаза на Светското клупско првенство во 2025 година.

– Во оваа фаза од сезоната, нормално е да се справуваме со различни ситуации. Генерално, мислам дека одигравме добро. Добрата работа за Лиам Делап е што тој знае како сакаме да играме, па процесот се одвива доста брзо. Исто така, му дадовме шанса на Дариус Есугу на овој натпревар, кој е уште еден нов играч, па и двајцата добро се снајдоа, изјави Мареска за „Sky Sports“.

Челзи со три бода е лидер во групата Д. Лондонските „Сини“ во 2. коло ќе играат со Фламенго на 20 јуни. Лос Анџелес ќе се соочи со Есперанс од Тунис на 21 јуни.

To top