Шефилд Јунајтед се пласираше во финалето на плејофот за пласман во Премиерлигата

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед се квалификуваа за финалето од доигрувањето за пласман во Премиер лигата откако во полуфиналето го победија Бристол Сити со вкупен резултат од 6:0.

Откако го добија првиот натпревар во Бристол со 3:0, играчите на Шефилд Јунајтед го добија и натпреварот на својот „Брамал Лејн“ со идентичен резултат, за вкупни 6:0. Стрелци беа Кифер Мур во 41., Густав Хамер во 52. и Калум О’Хара во 83. минута.

Шефилд Јунајтед ќе бара враќање во Премиер лигата во финалето на 24-ти мај на лондонски „Вембли“ против победникот од натпреварот Сандерленд – Ковентри Сити.

Во првиот натпревар, Сандерленд победи со 2:1 на гостински терен, а реваншот на домашен терен ќе се игра во вторник.

Шефилд Јунајтед испадна од Премиер лигата на крајот од минатата сезона со само три победи во 38 натпревари. Оваа сезона ја завршија сезоната во Чемпионшип на третото место, зад Лидс Јунајтед и Барнли, кои автоматски се пласираа во елитниот ранг на англискиот фудбал.