Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

13.05.2024 09:19
Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Ако се погледне краткиот историјат на сите досегашни претседателски избори, резултатот на Гордана Силјановска Давкова е трет по број на освоени гласови, после оној на Киро Глигоров од 1994 и на Борис Трајковски од 1999 година, пишува Вистиномер.

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост:

Сиљановска Давкова истовремено оствари импресивна доверба од гласачите со над 560 илјади освоени гласови. Сепак, ако се погледне краткиот историјат на сите досегашни претседателски избори, нејзиниот резултат е трет по број на освоени гласови, после оној на Киро Глигоров од 1994 и на Борис Трајковски од 1999 година. Тоа е во апсолутна бројка на гласови, а ако се гледа во проценти, со освоени над 65 отсто Силјановска Давкова е на второ место.

Новиот претседател на Северна Македонија е првата жена на оваа функција и со тоа Гордана Силјановска Давкова апсолутно си заслужи знаменито место во историјата на македонската држава. Исто така, многу е впечатлив и нејзиниот изборен резултат, односно претседателката Силјановска Давкова освои над 560 илјади гласови односно над 65 отсто од оние што гласале на претседателските избори.

Силјановска Давкова, сепак и со ваков импресивен резултат е на трето место во апсолутни бројки на освоени гласови на претседателските избори, зад поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, додека гледано во проценти е на второ место со освоени над 65 отсто од луѓето што гласале.

Глигоров (1917-2012) двапати е избран за претседател на државата. Еднаш во првото повеќепартиско Собрание во 1991 година од втор обид, додека вториот пат во 1994 година на претседателски избори со непосредно гласање во два круга на кои учествуваше и претставникот поддржан од опозиција Љубиша Георгиевски. На овие избори Глигоров освои 715 илјади гласови од над 1,3 милиони излезени избирачи или освоил 78,4 отсто од гласовите.

Вториот изборен резултат по бројот на освоени гласови го држи претседателот Борис Трајковски, тогаш предложен од ВМРО-ДПМНЕ, партија на власт, која подоцна се огради од него. Трајковски (1956 – 2004 г.), во вториот круг на претседателските избори во 1999 г. победи со освоени над 580 илјади гласови или над 53 отсто од излезените над 1,1 милион гласачи.

Во продолжение е табеларниот приказ на избраните претседатели во историјата на Македонија од 1994 до 2024 година според годината на изборите и освоените гласови (извори ДИК и Википедија):

 

Извор: https://meta.mk