• Редакција Gol.mk

Натпревсарот за кој се крена голема „прашина“ пред неколку дена уште ја чека својата разврска. Натпреварот Кожуф - Башким во рамките на 28. коло на Втората фудбалска лига (ВМФЛ) не е регистриран со 1-2, како што заврши по последниот судиски свиреж на Игор Стојчевски од Скопје.
Попладеново припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) влегле во Башкими од Куманово, како дел од истрагата за сомнителниот натпревар во Гевгелија, дознава Gol.mk.
Од „Куќата на фудбалот“ попкаднево известија дека постапката се темели на досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица на натпреварот (судии, делегат, контролор на судии, комесар за безбедност). Во писмените, своерачни изјаснувања, дел од фудбалерите посочуваат конкретни лица за кои тврдат дека дале инструкции или наредби во врска со исходот од натпреварот.
Случајот не е затворен и Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот.