Менаџерот за фудбал во Фудбалската федерација на Македонија Жарко Игњатовски продолжува да ја врши функцијата на организациониот директор на чешкиот клуб Викторија Плзен која успешно игра во годинашниве натпревари во Лига на Европа .Откако го мина мечеевите во елиминатпорните борби, Викторија Плзен вечерва ќе биде домаќин на италијанскиот клуб Лацио, во плеј-оф натпреварите на кој ќе„ директорува“ Жарко Ињатовски.
Меѓу другите тој беше досега во Плзен директор на средбите со Манчестер јунајтед, Андерлехт,Реал Социедад, Ференцварош… Минатата сезона Игњатовски беше организационен директор на нечевите на Динамол Загреб во групната фаза во Лигата на европските шампиони кога на стадионот Максимир госгуваа Милан, Тотенхем… Пред тоа и директор на натпреварите на Зарја Луханс од Украина што јасно говори дека одлично ги извршува задачите добиени од комисиите на УЕФА.
Од страна на Комисиите на УЕФА во минатото коло беше ангажиран и нашиот најдобар контролор, поранешен меѓународен судија Емил Божиновски кој го контролираше судењето на мечот во Лига на Европа меѓу шпанскиот клуб Реал Социедад и данскиот Митлијанд (5-2).
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА