Македонија нудиме конкретни решенија

Мицевски: Владата ја има поддршката на парламентарното мнозинство за да го спроведе новиот оперативен план за вработување

Овие две политики не се изолирани. Тие се дел од поширокиот стремеж на секој еден во ВМРО-ДПМНЕ – за унапредување на животниот стандард и креирање на систем во кој трудот, знаењето и претприемништвото добиваат реална вредност, изјави Мицевски.

Мицевски: Владата ја има поддршката на парламентарното мнозинство за да го спроведе новиот оперативен план за вработување

Преку клучни реформи, работиме на економска стабилност, раст и развој. Во услови кога опозицијата нуди само критика без алтернатива, ние нудиме конкретни решенија. Наместо бојкоти, ние работиме. Наместо блокади, ние создаваме, изјави Јане Мицевски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакам да ви соопштам дека Владата ја има поддршката на парламентарното мнозинство за да го спроведе новиот оперативен план за вработување, кој ќе овозможи:

• Финансиска поддршка за самовработување до 1.230.000 денари,
• Младински додаток од 3.000 денари за младите вработени во производство,
• Програма за практиканство за над 1.300 млади лица,
• Мерки за вработување на лица со попреченост.
• Активна поддршка на микро и мали претпријатија.

Ова е одговор на реалноста – на иселувањето, на апатијата, на демотивацијата. Ние велиме: останете, работете, создавајте тука – државата е со вас.
Но истовремено, не запираме тука“, потенцира Мицевски.

Тој додаде дека клучни инвестиции ќе бидат ослободени од ДДВ, со што ќе се забрзаат два капитални проекти: реновирање на хируршкиот оперативен блок во ГОБ “8-ми Септември” и проширување на капацитетите на охридскиот аеродром. Опипливи мерки што ќе значат подобро здравство и современ туризам. Но ќе значат и нови работни места, како и директна корист за граѓаните.
Оваа есен, пред нас се локални избори. Ќе излеземе пред граѓаните со резултати, со бројки, со луѓе што добиле поддршка затоа што работеле. Ќе покажеме дека владеењето не е празна реторика, туку секојдневен стремеж за реални и опипливи подобрувања.

Ги охрабрувам сите граѓани, особено младите, да ја користат поддршката која ја нудиме. Да ја земат судбината во свои раце. Затоа што Македонија не се гради со ветувања, туку со работа. Ние тоа и го правиме, нотира во изјавата.

-Овие две политики не се изолирани. Тие се дел од поширокиот стремеж на секој еден во ВМРО-ДПМНЕ – за унапредување на животниот стандард и креирање на систем во кој трудот, знаењето и претприемништвото добиваат реална вредност, изјави Мицевски.

Најнови вести од Македонија

To top