Почина возачот на Итната помош по целодневно спасување животи

Кочани утрово се разбуди со трагична вест која ги потресе жителите на градот и вработените во здравствените институции. Почина Иле Гоцевски, долгогодишен возач во службата на Итната медицинска помош, човек кој со години посветено им помагаше на граѓаните во најтешките моменти.
Колегите од Општата болница Кочани, каде што Гоцевски беше дел од тимот, се во шок и неверување. Вчера, како и секој ден, извршуваше свои работни задачи, транспортирајќи пациенти и повредени лица, давајќи го својот максимум за да им помогне на оние на кои им е најпотребно. По напорниот и долг ден, се вратил дома да одмори, но, за жал, не се разбудил.
The post Почина возачот на Итната помош по целодневно спасување животи appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: