На конгресот, информираа денеска од ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски ќе има обраќање на првата пленарна сесија.
Предвидено е Мицкоски да одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Кристијан Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Милош Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Сали Бериша и други европски лидери.
Исто така, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија.