Македонијо во срце те носиме, е насловот на новиот музички проект којшто стартуваше ова лето.
Вкупно 12 македонски изведувачи од светот на забавната и од светот на народната музика ќе отпеат 12 македонски патриотски песни со нови современи аражмани, зад кои застанува познатиот музичар и композитор Николче Мицевски.
Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна", „Налеј, налеј", „Народе македонски", „Едно име имаме", „Земјо македонска", „Ој, Вардаре", „Оган да го гори", „Послушајте патриоти", „Ми заплакало село Ваташа", „Море сокол пие", „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов" ...
Целта на целиот проект е да се зачува музичкиот аманет кој ни го оставиле генерации пред нас, да се прегрне Македонија преку некои од најубавите песни.
Секоја нумера во изминатиов период се прикажуваше со видео запис, а крајната цел е одржување на осум концерти низ Македонија.
Последна во низата на изведени песни е 11 та преработка. Станува збор за нумерата ЗЕМЈО МИЛА, во интерпретација на Зуица Лазова.
Концертите се закажани за септември и октомври, а последниот најголем ќе биде во Скопје.
Голем поттик за целиот проект беа обработките на Николче Мицевски, односно народни песни што ги отпеа дуетот Некст тајм.
Фото: Facebook