САКАМ ДА СЛУШНАМ СТАВ, ДАЛИ ИМА ДОГОВОР МЕЃУ ТАРАВАРИ И ДУИ - Мицкоски дециден 'тоа за мене е неприфатливо'
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2025 13:30
Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ.
-Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре.
На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува.
Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо - изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев.
Тој и Таравари, дополни, како колеги во Владата имаат секојдневна комуникација.
Мицкоски информира и дека во втората половина од месецов пред Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со имињата на кандидати за градоначалници за локалните избори во октомври.
Можеби ќе ве интересира
ОТВОРЕНИ РАНИ И ПРОБЛЕМИ СО ДВИЖЕЊЕТО – СО ОВА СЕ БОРАТ ПОВРЕДЕНИТЕ КОИ СЕ ВРАТИЈА ОД СТРАНСТВО: Лекувањето за голем дел од нив ќе трае со години

„СТЕФАН ЖИВЕЕШЕ ЗА ДРЖАВАТА И АРМИЈАТА, АНА БЕШЕ ПОЛНА СО ЕНЕРГИЈА“: Екс министерката Петровска за загинатите кај касарната „Илинден“

МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, БОСНА - ИДНА ТАМПОН ЗОНА ЗА БЕГАЛЦИ? Европа и Британија го зголемуваат притисокот

ВО СЕДУМ ГРАДА ДЕНЕСКА СЕ ТРЧА ЗА КОЧАНИ: „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејствата на загинатите од Кочани порачаа дека нивниот молк нема да трае долго

РОДИТЕЛИ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ: Нашиот молк нема да трае долго како вашето судење

ФИЛИПЧЕ: За двајца градоначалници сме веќе прилично сигурни дека ќе трчаат на локалните избори

ЖЕНА Е ПОВРЕДЕНА: Eксплодираше плинска боца во Штип

НИКОЛОСКИ: Од 31 октомври започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар!
