Претреси кај бугарскиот тајкун ЧЕРЕПОТ кој сака казино бизнис и во МАКЕДОНИЈА

19. 01. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претреси кај бугарскиот тајкун ЧЕРЕПОТ кој сака казино бизнис и во МАКЕДОНИЈА

Бугарската полиција претресува имоти на Васил Бошков-Черепот, објави „24часа.бг“. Полицијата има сомнеж дека Черепот е поврзан со убиството на бизнисменот Алексеј Петров. Черепот моментално е во домашен притвор.

Бошков на македонската јавност и е познат по тоа што неговото име се споменува како како партнер во казино бизнисот во Македонија преку неговите фирми  666.бг и 777бг. за онлајн коцкање.

фото 24часа бг
фото 24часа бг

Кој е Васил Бошков- Черепот

Васил Божков е бугарски олигарх и главен идеолог и движечка фигура на Граѓанската платформа „Бугарско лето“. Тој најбогатиот Бугарин со богатство проценето меѓу 1 и 3 милијарди лева познат по прекарот Череп.

Божков има 63 години и неговите две приватни лотарии и обложувалници кои имаат годишен профит од над 200 милиони лева.

Вози уникатен модел „Mercedes Maybach“ вреден 700.000 евра.

Фото: 24.часа.бг

Преземено до Република.мк

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата