Таен агент на ЦИА тврди дека открил цивилизација на темната страна на Месечината: „И тие нѐ видоа нас“
Додека САД се подготвуваат за нова мисија со астронаути на Месечината, повторно се појавува тајно досие на ЦИА кое наводно укажува дека живот на Месечината бил откриен уште пред повеќе од четврт век – не преку телескоп, туку преку далечинско гледање.
Оваа техника, користена од ЦИА во 70-тите и 80-тите, вклучува луѓе што тврделе дека можат психички да „гледаат“ оддалечени локации или настани. Еден од најпознатите такви „гледачи“ бил Инго Сван, кој во 1975 година бил регрутиран за таен проект и спровел визија на темната страна од Месечината.
Сведоштвата на Сван
Во својата книга „Penetration“, објавена во 1998 година, Сван тврди дека видел бази, кули, светла, машини и хуманоидни суштества кои копале кратери. Наводно, тие немале облека и изгледале како луѓе, а некои дури го „виделе“ и него – иако тој бил оддалечен 380.000 километри.
Сван исто така сугерира дека американските власти знаеле за присуството на овие вонземјани, но свесно се откажале од понатамошни мисии по Аполо 17. Тајниот агент „г. Акселрод“, кој го водел Сван до подземна база, наводно му рекол дека САД избегнуваат нови мисии на Месечината поради предупредување или претчувство – дека тие „не се пријателски“.
Прашање што чека одговор
Иако овие тврдења остануваат непотврдени и без конкретен доказ, тие повторно предизвикуваат интерес, особено во контекст на новите планови за истражување на Месечината и Марс. Во меѓувреме, Конгресот продолжува со јавни расправи за постоењето на вонземјански живот.
Сепак, научните мисии од САД, Русија, Кина, Јапонија и Индија досега не потврдиле никакво постоење на живот или структури на Месечината. Но, за некои, визијата на Сван сè уште е прашање кое чека одговор – што навистина се крие на темната страна од Месечината?
Како ја видел темната страна на месечината со телескоп, да ми е да знам?!
Nikade ne pisuva so teleskop deka videl, nego nebitno toa. Kinezite neli pratija rover na temnata strana pa ne najdoa ni kuli ni gradbi a najmalce pa nekoi vonzemjani sto kopaat rovovi.
Не ја видел со телескоп, туку убаво ти пишува, цитирам:
„не преку телескоп, туку преку далечинско гледање.“!
Е како гледал во темнината кога е мрак темно не се гледа баш ништо чудно невидено….
Коментирај анонимно