„ЌЕ ИМАМЕ ЕДНА МИНИ ПРЕРАСПРЕДЕЛБА“: министерката за финансии за пренасочувањето на пари од буџетот
Објавено во: Финансии 04 Мај, 2025 20:26
Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, изјави министерката за финансии за ТВ Алфа.
- Вие може да слушате многу често дека одредени работи се штедат, се внимава, па како министерката за финансии во дадени ситуации е малку построга. Ние немаме друг избор освен да работиме домаќински.
Премногу се задолживме во изминатите години. Сега граѓаните можат да споредуваат дали работиме домаќински со намален долг од 36 милиони евра во апсолутен износ или некој пред нас работел домаќински кога долгот го зголемил за 292 милиони евра за ист период, почеток на година, и минатата и оваа - истакнува министерката за финансии.
Таа додава дека домаќинското работење, намалување на непродуктивните трошења и напорите за подигнување на економската активност резултирало со намалување на јавниот долг за 4,7 п.п. на нивото од 57,7 отсто од БДП. При тоа, како што напомена, предизвиците од претходниот период биле големи, па морало да се консолидираат финансиите и внимателно да се трошат народните пари.
Повтори дека не отстапува од проекциите за економски раст од 3,7 проценти годинава и покрај пониските очекувања на меѓународните финансиски институции и најави прекројување на државната каса во јули, пред да се распишат локалните избори.
- Ќе имаме една мини прераспределба јас би ја рекла или прераспределба како што ја кажуваат во инистерството за финансии во однос на овие проекти кои се пренаменети за општините.
Ако се сеќавате во буџетот, ние ги предвидовме, меѓутоа беа ставени во Функции на држава од причина што не можевме однапред да знаеме кој ќе биде интересот на општините, дали ќе сакаат повеќе проекти кои се поврзани со Министерство за транспорт или со Министерство за земјоделство, култура, спорт и заради тоа ги ставивме таму.
Сега веќе имаме отприлика слика точно каде колку треба да се пренасочат средства и затоа ќе имаме една мини прераспределба, би рекла, а она што значи ребаланс на буџетот ќе биде некаде во месец јули пред да ги распишеме изборите - изјави Гордана Димитриеска Кочоска.
Можеби ќе ве интересира
КАЗНИ ДО 12 ИЛЈАДИ ЕВРА, РАЈНЕР ПРЕДУПРЕДУВА! Непристојното однесување во авион, скапо ќе го платите

ДУКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН НОСИ „ФЕЈК“ РОЛЕКС:„Ова нема врска со ништо, освен со лош вкус“

„ВО ВРЕМЕ КОГА ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ ВОВЕДУВААТ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА, ТОЈ ПРОМОВИРА СОВРЕМЕНО РОПСТВО“: Најчевска за Славески

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ЕВРОПА: Блазе на оние што учеле медицина, имаат полни паричници

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА... Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

КАМАТНИТЕ СТАПКИ ОСТАНУВААТ НЕПРОМЕНЕТИ - монетарната политика го задржува внимателниот карактер

ОГРОМНИТЕ АМБИЦИИ НА СОПСТВЕНИКОТ НА ЛИДЛ: Сега сака да го освои морето и да ги совлада „облаците“

КОЛКУ ЧИНИ СМЕСТУВАЊЕТО ВО ЦРНА ГОРА, ХРВАТСКА, АЛБАНИЈА, ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА? Хрватска некогаш беше прифатлива, Турција и сите други ја туркаат од позицијата

ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година
