(Видео) Денес се одбележуваат 26 години од бомбардирањето на Амбасадата на Кина во Белград од страна на НАТО
Денес се навршуваат 26 години од нападот врз Амбасадата на Народна Република Кина во Белград, кој се случи за време на НАТО агресијата врз тогашната Сојузна Република Југославија во 1999 година.
Во нападот, кој предизвика меѓународен скандал, животите ги загубија тројца кинески новинари – Шао Јунхуан, Су Синхуа и Џу Јинг – а беа ранети уште 20 лица. И покрај тоа што зградата била јасно обележана како дипломатски објект, таа била погодена со три прецизни проектили.
Западните функционери тогаш тврдеа дека станувало збор за „грешка“, но истиот ден НАТО продолжил со бомбардирање на други делови од земјата. Градот Ниш бил нападнат со касетни бомби, при што меѓу жртвите имало и трудници и деца – инцидент кој исто така бил оправдуван како „грешка“.
Кинеското раководство тогаш остро ја осуди акцијата, нарекувајќи ја бомбардирањето на амбасадата „груб акт на агресија“ и напад врз суверенитетот на Кина.
Во изминатите години, бомбардирањето на кинеската амбасада остана симбол на критиката кон НАТО интервенциите, кои многумина ги сметаат за акти на империјално насилство, а не за „хуманитарни интервенции“, како што беа нарекувани од западните земји.
„Не забораваме. Не простуваме. Не се приклонуваме на агресорот“ – се вели во пораките кои денес повторно се споделуваат во Србија и Кина по повод годишнината од овој настан.
Настанот и понатаму остава длабоки последици врз односите меѓу Кина, НАТО и глобалниот дискурс за меѓународното право, суверенитетот и одговорноста на воените сојузи.