Поврзете се со нас

НБА

Денвер ги неутрализираше ѕвездите на Клиперс и избори место во втората рунда на НБА плејофот

Објавено

на

Фото: https://x.com/nuggets

Лос Анџелес Клиперс го задржа Никола Јокиќ на 16 поени, но на сцена стапија неговите соиграчи, кои со својот тимски настап обезбедија четврта победа во серијата (120:101) и пласман во следната рунда на НБА плејофот.

Денвер беше домаќин на мајсторката и ја искористи и поддршката од домашните фанови за да дојде до посакуваниот резултат, а решавачки беше третиот период во кој Нагетс направија голема разлика и немаа проблем истата да ја претворат во посакувана победа.

Гордон постигна 22, Браун 21, а Мареј и Вестбрук реализираа по 16 поени во редовите на домашниот тим, додека најефикасен кај Клиперс бил Ленард со 22 поени.

Играта во одбрана се покажа како клучна и на овој натпревар, па Браун го задржа Харден на само 7 поени, додека Зубац го одигра најслабиот меч во серијата и го заврши натпреварот со 10 поени.

Денвер во следната рунда ќе се соочи со Оклахома Сити, која го доби соочувањето со Мемфис без пораз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни