Уапсен син на политичар од БиХ – предизвика сообраќајка во која загинаа тројца млади

Кантоналниот суд во Мостар донесе одлука со која му одреди на Марко Шљивиќ едномесечен притвор за предизвикување сообраќајна несреќа во која загинаа три лица во близина на Почитељ. Тој е син на Паво Шљивиќ, истакнат член на ХДЗ во БиХ, кој со години одржуваше високи позиции во политичкиот и јавниот живот на Федерацијата.

Како што јавува телевизијата Н1, притворот на Марко Шљивиќ се смета од 31 мај 2025 година во 11:00 часот, кога е уапсен, а е одреден по предлог на Обвинителството на Мостар поради основано сомнение дека сторил „тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај“ и „загрозување на јавниот сообраќај“ од Кривичниот законик на Федерацијата на БиХ.

Шљивиќ е обвинет за управување со возило под дејство на алкохол на 31 мај 2025 година, на автопатот М-17, во селото Шеваш Њиве, град Чапљина, иако бил свесен дека не му е дозволено да вози во таква состојба.

„Тој предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која возачот А.Ц. и сопатниците Е.К. и Д.Ж. загинале на местото на настанот. Во несреќата повредени се возачите Џ.Ш. и самиот Марко Шљивиќ, а причинета е значителна материјална штета на три возила и заштитна метална ограда“, соопшти судот.

Поради оваа трагедија што ја потресе Босна и Херцеговина, вчера во Мостар беше прогласен Ден на жалост. 

Пронајдете не на следниве мрежи: