Да му дозволиме на Мет Волф, еден од најактивните членови на заедницата корисници на вештачката интелигенција, да ни ја објасни на кратко целата сага околу отпуштањето (и повторното враќање) на Сем Алтман од OpenAI:
Зошто е ова битно?
Отпуштањето на основачот на OpenAI, компанијата која на светот му го подари ChatGPT, Сем Алтман, се случи само пред неколку дена, но истото го потресе светот. Никој не објасни зошто се случи тоа.
Се поставува прашањето – како може една компанија која работи на најнапредната технологија од светот на вештачката интелигенција со потенцијални последици на (безбедноста и иднината на) целиот свет – да работи така непромислено и нетранспарентно?
Илија Сатскивер (за кој зборувавме тука), еден од основачите и главниот научник во OpenAI, се чини дека стои зад одлуката да се отпушти Сем. Но, во меѓувреме Илија се потпиша на писмото на вработените во OpenAI кои ја критикуваат одлуката на одборот (чиј дел бил и тој!?) за отпуштањето на Сем.

Во писмото до управниот одбор, потпишано од речиси сите 770 вработени на OpenAI, тие се заканија дека ќе се приклучат на Мајкрософт доколку членовите на одборот не поднесат оставка.
Потоа беше известено дека Сем Алтман ќе се префрли во Мајкрософт, а потоа дека се уште се обидува да се врати во OpenAI. Збунувачки и контрадикторно!
Прво за извршен директор беше поставена Мира Мурати (за ова пишувавме), а потоа новиот привремен извршен директор, Емет Шир, кој објави 30-дневен план за компанијата.
Што се случи потоа?
- Во понеделникот беше објавено дека Мајкрософт ги регрутирал Алтман и ко-основачот на OpenAI, Грег Брокман, за да го предводат новиот истражувачки тим за вештачка интелигенција. Сепак, се чини дека аранжманот не беше финализиран како што првично се мислеше.
- Во пресвртот на настаните во вторникот, OpenAI откри дека Алтман и Брокман повторно ќе се приклучат на компанијата. Според „начелниот договор“, Алтман треба да ја преземе улогата на извршен директор во новиот одбор, предводен од поранешниот извршен директор на Salesforce, Брет Тејлор. Значајни личности како што е поранешниот министер за финансии на САД Лери Самерс, исто така, треба да бидат директори на одборот.
- Очекувано, и Мајкрософт и Алтман изразуваат интерес за обезбедување позиции во одборот на OpenAI.
- И Microsoft и OpenAI меѓусебно се согласија да спроведат истрага за оваа сага, се надеваме дека наскоро ќе добиеме одговори.
Што (можеби) се случувало зад кулисите?
- Некои веруваат дека тензиите меѓу членот на одборот Хелен Тонер и Алтман доведоа до драмата.
- Други изјавуваат дека Алтман сакал Адам Д’Анџело да се повлече од одборот – уште еден можен извор на напнатост што водел до одлуката.
- Извршниот директор на Airbnb Брајан Чески бил вклучен во разговорите и имал улога во изнаоѓањето решение. За неговите ставови во врска со вештачката интелигенција веќе пишувавме тука.
Останува да видиме што ќе излезе од сето ова.