Амановиќ: Не сакам да играм за Македонија, само Србија доаѓа предвид

Српскиот фудбалер со македонско потекло Алекса Амановиќ продолжува да се нуди на репрезентацијата на Србија и нејзиниот селектор Драган Стојковиќ Пикси.

Тој во моментов настапува за казахстанска Астана, а како што пренесуваат српските медиуми добил понуда за настап и за оваа репрезентација.

Тој во минатото неколку пати се нудеше и на Македонија, но не доби повик од селекторите на нашата земја. Во моментов како што пренесуваат медиумите од нашиот северен сосед, тој не сака да игра, ниту за Македонија, ниту за Казахстан, а дека во мислите му е само настап за репрезентацијата на Србија.

Се вчитува...