ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Камерите кои треба да ловат сообраќајни прекршоци во Скопје, не се во функција

June 20, 2024 10:08
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Скопје. Фото: МИА

Скопје. Фото: МИА

Камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук да мислат дека камерите почнале да снимаат. Всушност, станува збор за информација дека било извршено тестирање на камерите, што е наведено во написот кој го споделува објавата, но не и во насловот, пишува Вистиномер.

Текстот на Вистиномер, го пренесуваме во целост.

Анализираме објава на Фејсбук која на бомбастичен начин известува дека камерите во Скопје за само два часа уловиле 5.000 сообраќајни прекршоци и ги предупредува следбениците да внимаваат како возат.

ВНИМАВАЈТЕ! Камерите во Скопје за само два часа уловиле 5.000 сообраќајни прекршоци, стои во објавата.

На прв поглед кога ќе прочитате ваков наслов помислувате дека камерите кои изминатите месеци се поставуваат по скопските сообраќајници почнале да работат, односно се ставени во функција да снимаат сообраќајни прекршоци. Уште на некого кога ќе му кажете да внимава, тоа е повеќе од јасно дека сакате да му посочите да вози внимателно за да не заработи казна, односно да не биде уловен на камера.

Од коментарите под објавата може да се види дека оние кои ја прочитале објавата сфатиле дека камерите веќе се ставени во функција.

Но, тоа не е така. Камерите во Скопје не се пуштени во функција и тие не снимаат сообраќајни прекршоци. Залудно се крева паника и се алармира луѓето да внимаваат. Се разбира, секој треба да ги почитува сообраќајните правила и прописи, но објавата манипулира дека камерите почнале да работат.

Од преку 200 коментари под објавата наидовме само на неколкумина кои се информирани дека камерите сè уште не се пуштени во функција.

Ај не трескај глупости, камерите ќе бидат во функција после 2025. Камерите се уште не смеат да снимаат и не работат, законот не е сменет, се дел од ретките коментари на граѓаните кои се информирани дека камерите сè уште не работат.

Дека тоа е така потврдува и написот којшто го споделува објавата што ја анализираме. Од написот станува јасно дека камерите биле тестирани и за време на тестирањето биле уловени 5.000 сообраќајни прекршоци, иако и за тоа не постои официјално наведена изјава или соопштение.

Написот посочува дека законот треба да ја заврши потребната собраниска процедура, а дури потоа ќе се одлучува што и како ќе се казнува.

Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци, наведува написот.

Вистиномер побара информација од МВР од каде ни нагласија дека камерите сè уште не се во функција.

Ве известуваме дека во континуитет се врши надградба на системот „Безбеден град“. Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град”, кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност, а откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите сѐ уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект јавноста соодветно ќе биде известена, изјавија од МВР за Вистиномер.

Значи, може да заклучиме дека камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата којашто ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук да мислат дека камерите почнале да снимаат. Всушност, станува збор за информација дека било извршено тестирање на камерите, што е наведено во написот кој го споделува објавата, но не и во насловот. Поради сето ова оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Безбеден град“сообраќајни камери
Next Post
ФОТО ДЗР

Руралните жени на пазарот на трудот без доволна институционална поддршка

НАЈНОВО

Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, пристигна во Газа – ќе ги проверува местата за дистрибуција на помош

August 1, 2025

Трамп побара од 17 директори на фармацевтски компании да ги намалат цените на лековите во САД

August 1, 2025

Европски куп во џудо за јуниори – СКОПЈЕ 2025

August 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што значи признавањето на државата Палестина, држава што постои и не постои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ристоска: Владата не објаснува зошто не сме прифатени како кандидати за судии во Стразбур

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајчулески до Мицкоски: Ние од СДСМ сме наследници на антифашизмот, а вие на хибридната идеологија на Ванчо Михајлов.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судот во Приштина го осуди Милош Плесковиќ на 15 години затвор за воени злосторства во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk