Роналдо: Соништата некогаш мора да почекаат, се гордеам со овој тим

Кристијано Роналдо беше многу разочаран по елиминацијата на Ал-Наср од азиската Лига на шампиони. Португалската ѕвезда не искористи неколку добри шанси, а неговиот тим на крајот загуби со конечни 2-3 и го заврши настапот во полуфиналето. 

По натпреварот реши да се огласи на социјалните мрежи и упати порака до навивачите, во која изрази разочарување од неуспехот, но и огромна благодарност за големата поддршка. 

„Некогаш соништата мораат да почекаат. Се гордеам со овој тим и со сите убави нешта што ги остваривме на теренот. Им благодарам на сите навивачи кои беа покрај нас на секој чекор. Вашата поддршка ни значи многу“, напиша Роналдо. 

Ал-Наср повторно може да остане без ниту еден трофеј сезонава, затоа што во првенството заостанува дури осум бода зад првопласираниот Ал-Итихад.