07.07.2025 09:27
Вести Свет Топ вести

Двајца тинејџери и еден Русин убиени во нападот на трговски центар во Копенхаген

Полицијата соопшти дека жртвите на вчерашното пукање во шопинг молот во Копенхаген се двајца дански 17-годишници и 47-годишен руски државјанин. Двајца Данци и двајца Швеѓани, пак, се во критична состојба во болница.

22-годишен маж, опишан како „етнички Данец“, беше уапсен неколку минути по пукањето во трговскиот центар Филд. Тој имал проблеми со менталното здравје и нема индикации за терористички мотив, рече началникот на полицијата Сорен Томасен.

Премиерката Мете Фредериксен рече дека Данска претрпе суров напад. Таа рече дека сака да ги охрабри Данците да застанат заедно и да се поддржуваат еден со друг во ова тешко време. „Нашиот убав и обично толку безбеден главен град беше сменет за дел од секундата“, рече таа.

Смртоносниот напад во трговскиот центар се случи додека Данска славеше како домаќин на првите три етапи на Тур де Франс за прв пат. Осомничениот имал пушка и муниција кога бил уапсен, соопшти полицијата.

Тие немаат индикации дека биле вмешани други напаѓачи и ги повикаа сопствениците на продавниците да ги зачуваат сите снимки од видео надзор што би можеле да ги имаат.

Трговскиот центар Филдс има повеќе од 140 продавници и ресторани. Тој се наоѓа на периферијата на Копенхаген, веднаш спроти линијата на метрото што се поврзува со центарот на градот.

Очевидци зборуваат за паника меѓу купувачите додека одекнувале истрелите.

Набргу по пукањето, данското кралско семејство објави дека е откажан приемот што требаше да го приреди престолонаследникот Фредерик по повод првите три етапи на Тур де Франс.

Данска последен пат забележа голем терористички напад во 2015 година, кога две лица беа убиени, а шест полицајци беа повредени при напад на културен центар и синагога во Копенхаген. Вооружениот напаѓач подоцна беше убиен во престрелка со полицијата.

Земјата има некои од најстрогите закони за оружје во Европа, со лиценци за поседување огнено оружје обично достапни само за лов или спортско пукање по проверка на дозволата – и со речиси целосна забрана за автоматско оружје. Носењето огнено оружје на јавно место е строго забрането.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе