ВЕЛОСИПЕД ЗА ДЕЦА ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - поради безбедносен ризик

Објавено во: Балкан 30 Април, 2025 15:23
Велосипедот наменет за деца на возраст од 5 до 6 години итно се повлекува од пазарот во соседна Србија откако била утврдена помала ефикасност на сопирачките, што може да претставува ризик за безбедноста.
- Детскиот велосипед се повлекува поради ризик од повреда, бидејќи е утврдено дека сопирачките биле помалку ефикасни - е објавено на веб-страницата на NEPRO.
Детски велосипед од марка Venera Bike модел LILOO16 наменет за деца на возраст од 5 до 6 години со сериски броеви 205101-205155, 214400-214381, 207901-208000 и 213297-213273, се вели во образложението за повлекувањето на производот.
Моделот на детски велосипед LILOO16 има малку помала ефикасност на сопирањето, што може да влијае на контролата при возење, поради што постои можност за намалена ефикасност на системот за сопирање и потенцијален безбедносен ризик, што може да резултира со паѓања и повреди.
Повикување од страна на потрошувачите - За овие модели е обезбедена бесплатна замена на сопирачките, со можност за замена на целиот производ или враќање на парите, според изборот на купувачот.
Извор: Блиц.рсФото: Принтскрин/Х
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ПОЖАР НА ХАЛКИДИКИ: Наложена е евакуација на сите што се во Вурвуру

ЗАД ВКУСНИТЕ ЛОКУМАДЕС КРОФНИ, СТОЕЛА ЦЕЛА МАФИЈА: Еве што се случувало во Грција

МИЛАНОВИЌ ЗА УКРАИНА ВО ЕУ: Потсетува дека Црна Гора и Албанија пред неа се во чекалната

АЛБАНИЈА ИМА ШАНСИ ГОДИНАВА ДА ГИ ОТВОРИ СИТЕ КЛАСТЕРИ: Кос вели дека прозорецот на можности можеби нема да биде отворен засекогаш

Познат генетичар му го враќа орденот на Вучиќ: Режим што ја тепа сопствената интелигенција ја сече гранката на која седи

Илјадници Бугари на масовен протест во Софија против воведување на еврото

Вучиќ: Нема да бидам следен претседател, но ќе му дадам поддршка некому
