„Сѐ уште не сме разговарале на таа тема. Веројатно деновиве, бидејќи во овој период бевме многу активни. Секогаш крајниот збор го има граѓанинот и ние бевме на терен за да ги консултираме за хаосот што се случува во нашата партија“, рече Алиу.
Името на Незири деновиве се споменува како можен кандидат за министер за здравство откако Арбен Таравари ја напушти владината коалиција по одлуката на претседателството на Алијанса за Албанците да оди во опозиција и со сопствени листи за советници на претстојните локални избори.