Априлијада во Младински парк Велес

Објавено на 28 март, 2024 во 10:31

Денот на шегата, 1 април и оваа година ќе помине со заедничка дружба на најмладите велешани во Амфитеатарот на Младински парк. Сите облечени во разни и шарени маски, насмеани заедно ќе се дружат, ќе танцуваат и ќе го одбележат денот на шегата.

Учениците од основните училишта како и дечињата од детската градинка „Димче Мирчев“ со почеток во 12:00 часот заедно со Стефан од Дајте музика и Круела Де Вил ќе се дружат, ќе избираат најдобри маски но и ќе пеат и играат заедно со членовите на Балетско студио „Анабела“.

Априлијадата во Велес е организирана од страна на локалната самоуправа и оттаму ги покануваат сите деца да ја вклучат својата имагинација на најјако, да ги стават најубавите маски и да дојдат во Младински парк да бидат дел од првоаприлската забава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.