Левица: Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден
- Соопштение-Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден. Додека Министерство за култура се однесува како Министерство без ресор и без министер, а Министерството на олигархијата чека насоки од „горе“, историјата на вработените веќе четврта година се повторува еднаш како комедија, еднаш како фарса, а во моментов како трагедија.

Скопје, 18 април 2025
Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден. Додека Министерство за култура се однесува како Министерство без ресор и без министер, а Министерството на олигархијата чека насоки од „горе“, историјата на вработените веќе четврта година се повторува еднаш како комедија, еднаш како фарса, а во моментов како трагедија.
Изживувањето кое се врши врз културните работници, особено по закажаните протести кои Синдикатот на култура ги замрзна заради дописот од Министерство за култура и изживувањето што се врши врз културата како целост, којашто е лик на една нација, всушност е показател на лицемерниот и ноншалантен однос на власта и нејзините загари кон репрезентот на еден народ и држава.
Левица апелира до сите чинители и одговорни министерства да си ги исполнат законските обврски и да не оставаат повеќе од 3000 вработени во културата на празна празнична трпеза, затоа што својата така себично како хиени ја бранат од народот!
ПП Левица
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Левица