Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу, изјави дека 14.372 лица се обратиле до здравствените установи поради повреди здобиени за време на жртвувањето животни на првиот ден од Бајрам.
Според министерот Мемишоглу, кој ги објави податоците на социјалните мрежи, пријави за повреди се регистрирани во секоја од 81-те покраини во Турција, објави Анадолија.
Најголем број случаи се пријавени во Анкара – 1.049 повредени, во Истанбул – 753, Коња – 655, Газиантеп – 634 и Маниса – 572.