Херојот Митревски: Среќата овој пат беше на наша страна

E. Пелистер ја одбрани титулата во македонскиот ракометен шампионат со триумф над директниот ривал Вардар во последниот натпревар од сезоната.

Битолчани не го започнаа добро натпреварот, во еден момент имаа и убедлива негатива, но успеаја да се вратат во игра на крилја на неверојатниот голман Митревски кој ја „спушти завесата“ во второто полувреме па не го криеше ни задоволството од триумфот изјавувајќи дека за разлика од минатите натпревари овој пат среќата била на страната на битолчани.

„Пред се сакам да им честитам на сите присутни во салата каде покажавме дека можеме да организираме натпревар на врвно ниво и врвно однесување према своите играчи. Честитки и до моите соиграчи кои изгинаа. Имавме многу тежок период со многу добри и лоши моменти. Се распаѓавме, бевме и најдобри, но на крајот верувавме дека можеме“, започна Митровски.

„Претходните два натпревари кои ги загубиме од Вардар, сите тие „ничии“ топки беа во нивна полза. Денеска бевме посреќни, можеби бидејќи имавме добар амбиент во екипата. Ни се врати среќата. Мислам дека притисокот си го направи своето кон екипата на Вардар, ние немавме што да загубиме. Покажавме дека и покрај убедливиот пораз во финалето во Купот и одличното прво полувреме на Вардар. Успеавме да намалиме на два, почнавме и лошо во второто полувреме, примивме и 30 голови, но одбраната си го направи своето.

Сите оние случајни голови кои ги постигна Вардар, овој пат ги дадовме ние. Одбиена топка кај Хосни во раце и тоа пресуди. Целото првенство ни се одлучи денеска“

Се вчитува...