Кристијан Станковски или Бомбакис, како што е попознат по своите написи испишани на картон, на неговиот Инстаграм профил кој го следат над педесет илјади следбеници сподели убава вест.
Имено меѓу роденденските честитки кои Бомбакис ги доби на вториот ден на Велигден, сподели и нешто со што го привлече вниманието на сите.
Кон крајот на месец јуни (2023), влијателниот инфлуенсер и подкастер се ожени со неговата девојка Вики, а за неполн месец подоцна обзнани дека ќе стане татко.
Тогаш напиша дека го кренал најдобриот „картон“ – резултатот со фотографијата од ултразвук, а сега после две години „Дечкото со картоните“ на својот роденден наместо „картон“ , објави слатко видео со кое обзнани дека ќе стане татко по втор пат.
Имено тој, сопругата и ќерката Бисера ги држат дланките едни врз други, додека на крај е ехо снимката од второто дете. Во описот на видеото Бомба напиша: 3+1=4.
Следбениците секако веднаш изреагираа на објавата и искрено му честитаа од срце и душа.
Инаку, Бомбакис ја надмина опаката болест и сега со сета љубов ужива во своето најголемо богатство – семејството, кое наскоро ќе се прошири за уште еден член.
Фото: Инстаграм/bombakis