Екипата на Реал Мадрид ја одржа надежта за титула во Ла Лига, откако триумфираше на домашен терен против Селта со 3-2. Се чинеше дека „кралевите“ ќе дојдат до лесна победа, откако водеа со 3-0, но на крајот си дозволија да примат два гола, имечот да има неизвесна завршница.
„Царуваа“ Гулер и Мбапе, па во 48. минута Реал веќе имаше три голови предност. Најпрво Гулер со прекрасен гол во 33. минута донесе 1-0, а шест минути подоцна Мбапе стрелаше исто така со прекрасен гол за 2-0.
Само што почна вториот дел, Мбапе повторно се истакна, и донесе сигурно водство за Реал Мадрид.
Сепак, Селга се врати со два гола во седум минути. Родригез во 69. минута намали на 3-1, а потоа Шведберг и на 3-2. До крајот на мечот Селта имаше можност и за 3-3, но Куртоа со чудна одбрана спасуваше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА