• среда, 08 октомври 2025

Кинескиот министер за надворешни работи ќе ја посети Европа следната недела

Кинескиот министер за надворешни работи ќе ја посети Европа следната недела

Пекинг, 27 јуни 2025 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Европа следната недела и ќе одржи средби со министрите за надворешни работи на Франција, Белгија и Германија, како и со највисокиот дипломат на ЕУ, соопшти денеска Кина.

Во Брисел, Ванг Ји ќе се сретне со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, со која ќе одржат „стратешки дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и Кина“, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Планирана е и средба со белгискиот премиер Барт де Вевер и белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево.

Ванг Ји ќе ги посети и Германија и Франција, каде што ќе се сретне со министрите за надворешни работи на земјите, Јохан Водефул и Жан-Ноел Баро, соодветно, со кои ќе разговара за дипломатијата и безбедноста. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан