Фудбал
Милан се согласи да го продаде, ама тој им кажа НЕ на милионите од Саудиска Арабија

Газета дело Спорт пред два дена објави дека Милан се согласил да го продаде Тео Хернандез на Ал Ахли за 30 милиони евра плус бонуси, клуб чиј тренер наскоро и официјално ќе биде Симоне Инзаги. Сепак, истиот медиум, објави дека фудбалерот одбил да се пресели во Саудиска Арабија. Наводно Хернандез одбил понуда од 18 милиони евра годишна плата, што секако е огромна разлика ако се знае дека во Милано во моментов заработува 4,5 милиони.
Италијанскиот медиум воедно објави дека преговорите помеѓу Милан и крилниот фудбалер за продолжување на преговорите се прекинати. Сепак, постои веројатност Хернандез да остане во Милано до 2026-та кога му истекува договорот со „Росонерите“, а потоа како слободен играч да се пресели во Атлетико Мадрид.