Радио Милева хуманоста мора да има цена

Тамара и самата си купи карта за сопствениот концерт во МКЦ: „Не ми барајте, нема гратиси, правиме хуманитарен концерт за Кочани“!

Тамара и самата си купи карта за сопствениот концерт во МКЦ: „Не ми барајте, нема гратиси, правиме хуманитарен концерт за Кочани“!

По страшната трагедија и пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани иако се’ е уште многу црно и тажно, шоуто сепак ќе мора да продолжи… Она естрадното, иако повеќе од сигурно дека се’ уште никому не му е до забава, до песна, смеа, веселба… Ниту на естрадните уметници, ниту пак на публиката. Но, сепак… колку и да изгледа дека сега да се свири и пее е нестварно, овој пат шоуто ќе продолжи со посебна цел и причина – хуманитарно!

Со цел за поддршка и помош на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска реши да организира хуманитарен солистички концерт.

Музички настан кој ќе се одржи на 08 мај (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во трагедијата.

И како што обично бива пред секој концерт, па и пред ваквите кои се организираат со посебна намена, цел и причина, се јавија некои на кои им е до концертна забава, ама не им се фаќа за џебот. Па тргнале да бараат чаре, разни начини како да дојдат до гратис карти, и на крајот стигнале и до самата пејачка.

Ама Тамара како Тамара, нема влакна на јазикот па без пардон реши јавно да ги прозве, до душеа не по име и презиме, ама сепак да им порача дека ГРАТИСИ – НЕМА!

Патем и самата откри дека и таа си купила карта за сопствениот концерт, како свој личен прилог во вкупната донација од продадените влезни билети.

„ДЕЧКИ, НЕМА ГРАТИСИ – ПРАВИМЕ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА КОЧАНИ

Имаме уште десетина денови до хуманитарниот концерт на 8. мај и сакам да споделам неколку искрени работи со моите фанови, колеги, новинари, со сите кои ја почитуваат мојата работа низ годините…
Најпрво, големо благодарам до сите оние кои купија карти и на тој начин донираа за Кочани.Тука се голем број на искрени мои фанови, најблиски (ама буквално најблиски) соработници, пријатели, колеги, другари и другарки и многу други… Вие сте луѓето и тимот за цел живот.
А, вечерва и јас си купив карта за својот концерт и уште еднаш донирав за погодените семејства во Кочани…

Но, има и такви кои и за ваков концерт бараат од фамозните гратиси. Сепак, јас сум убедена дека нѐ има многу повеќе добри луѓе и општествено одговорни компании/бизниси, кои во вистинска смисла на зборот се хумани и солидарни. Затоа го објавувам овој предизвик и повик:
Купете си карта преку MK Tickets (линк на Story и во Bio);

Објавете на Story скриншот од картата со #ДонирајЗаКочани (со покриен баркод)
Покажете дека сте поинакви и во вистинска смисла на зборот – хумани и солидарни.

Јас сум среќна и задоволна што продажбата на карти се одвива баш добро (а со тоа ќе се соберат повеќе пари за погодените од трагедијата), што јас и мојот бенд и мојот тим секојдневно се подготвуваме и ќе бидете дел од навистина уникатен концерт.
Ви благодарам на сите за големата поддршка и енергија која ни ја давате.
Се гледаме на 8. мај, во МКЦ, од 20:00“ – споделила Тамара на својот Фејсбук профил.

Во меѓувреме пејачката ги повика своите обожаватели, но и сите добронамерни луѓе да дојдат на нејзиниот хуманитарен концерт во МКЦ за да се собере што поголема сума за оние на кои таа им е најпотребна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Како дополнителен придонес на сето ова Тамара заедно со Роберт Билбилов го преработи стариот макфестовски евергрин од 1992 година, безвременска „Време за плачење“ која совршено ја донела со својата маестрална анплагд изведба на само клавир и глас.

Фото: Инстаграм/Фејсбук/Јутјуб/tamaratodevska

To top