свет

Скајп згаснува по повеќе од две децении постоење

- По речиси 22 години во служба на корисниците низ светот, Скајп – иконската апликација за интернет-разговори и повици, во сопственост на Мајкрософт – официјално згаснува од денес

Gökhan Ergöçün  | 05.05.2025 - Обновена : 06.05.2025
Скајп згаснува по повеќе од две децении постоење

ИСТАНБУЛ (АА) - По речиси 22 години во служба на корисниците низ светот, Скајп – иконската апликација за интернет-разговори и повици, во сопственост на Мајкрософт – официјално згаснува од денес, јавува Анадолу.

Скајп беше развиен од група инженери, а Мајкрософт ја купи апликацијата во 2011 година.

Во соопштението објавено на 28 февруари годинава, Мајкрософт најави дека апликацијата „ја достигнала својата крајна точка“.

„Почнувајќи од мај 2025 година, Скајп повеќе нема да биде достапен“, стои во објавата.

Корисниците ќе можат да се префрлат на „Мајкрософт тимс фри“ со истите сметки што ги користеле за Скајп, со цел да ги задржат своите контакти и разговори.

Компанијата нагласи дека Tимс ќе понуди слични основни функции како и Скајп – индивидуални и групни повици, пораки, како и споделување датотеки.

Во дополнителното соопштение се наведува дека „по 5 мај 2025 година, Дајал пад (Dial Pad), функцијата на Скајп, ќе остане достапна за корисниците со платена претплата преку Скајп веб-порталот и во рамките на Тимс“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın