Шпанија
Левандовски ги опомена младите соиграчи по непрепознатливата претстава на Барса

На секоја серија во фудбалот и доаѓа својот крај, па така дојде крај и на непобедливоста на Барселона која траеше од стартот на 2025-та година.
До вчерашниот натпревар со Борусија Дортмунд, тимот на Ханси Флик не знаеше за пораз од 21-ви декември минатата година, а иако речиси четири месеци се зборуваше и за среќната амајлија наречена Војчех Шчесни, вчера ниту Полјакот не можеше да спречи пораз на својот тим.
Искусниот чувар на мрежата го претрпе првиот неуспех откако застана на голот на Барселона, но лошото издание и поразот од 3:1 посебно го налути неговиот сонародник, Роберт Левандовски.
Како најискусен фудбалер и играч со посебен статус во соблекувалната, популарниот Леви си даде за право да ги опомено своите помлади соиграчи, порачувајќи им дека не смее да им се повтори вакво нешто до крајот на сезоната.
– Ни недостасуваше речиси се. Немавме контрола во средниот ред, правевме многу грешки и прелесно му ја дававме топката на противникот. Губевме посед без притисок, продадавме лесни пасови и му ја олеснивме работата на ривалот. Овој натпревар мора да го анализираме во целост, треба да ни биде пример за тоа како не треба да се одигра еден фудбалски меч.
– Мора да ја научиме лекцијата од овој пораз, не смееме да одиграме уште еден ваков натпревар. Ако требаше да бираме време за да загубиме, ова беше тој меч, бидејќи во иднина ќе немаме поправен испит. Можеби ова беше предупредувањето кое ни е потребно, едноставно мора да научиме многу од овој пораз, – изјави сериозниот Левандовски во микс-зоната.
-
Репрезентација21 час
Илиевски по поразот од Романија: Разочаран сум од македонскиот синдром на самоуништување
-
Свет8 часа
Монреал славеше со „Роналдо прослава“ пред Меси и соиграчите, па загуби на најболен можен начин (Видео)
-
Свет23 часа
Телохранителот на Меси ги пречекорил овластувањата и заработи суспензија и во „Лига купот“
-
Шпанија9 часа
Рафиња за пропаднатата трансфер зделка на Барселона ова лето: Подобро што не се реализираше!
-
Шпанија10 часа
Кошаркарски предизвик со нога: Арда презентираше совршена прецизност и стана вирален хит (Видео)
-
Шпанија10 часа
Полска легенда го советува Левандовски: Соиграчите од Барселона не му ја подаваат топката, време е да си оди
-
Италија24 часа
Италијански великан влегува во трка за потписот на Нуњез
-
Шпанија8 часа
Рашфорд за проблемот кој се провлекува последните неколку лета: Верувам во Барселона