Тоа што ДПМНЕ се обидува да го затскрие фактот дека од тие 20 години што ги спомнуваат како владеење на корумпираната ДУИ, 11 години беа поддржувачи на ДУИ и ја делеа власта со ДУИ ми е сосема разбирливо.
Тоа е нивниот начин на делување. Лажење без мува да ги лази.
Ова го посочи вчера професорката и борец за човекови права, Мирјана Најчевска на социјалните мрежи.
Во нејзин стил, критички, таа истакна дека уште поголем проблем е однесувањето на граѓаните.
– Ама тоа што граѓаните дозволуваат да бидат вака евтино излажани, е тоа ми останува мистерија – укажа Најчевска.
Еве ја нејзината објава: