среда, 21 мај 2025

Ким Џонг Ун: Сите наши војници од Курск се херои и највисоки претставници на честа на нацијата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека учеството на Северна Кореја во руско-украинската војна е оправдано, нарекувајќи го тоа остварување на суверените права „во одбрана на братска нација“, објави државната медиумска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашето учество во конфликтот беше праведно и спаѓа во рамки на суверените права на нашата Република“, рече Ким, според КЦНА. „Ги сметам сите храбри војници кои учествуваа во операцијата Курск за херои и највисоки претставници на честа на нацијата“, додаде тој.

Ким исто така рече дека Пјонгјанг нема да се двоуми да одобри употреба на воена сила доколку САД продолжат со, како што ги нарече, воените провокации против Русија.

Северна Кореја до крајот на април официјално не потврди дека испратила повеќе од 10.000 војници и оружје во Русија, додека воените врски на двете земји растат според Договорот за сеопфатно стратешко партнерство, што Ким и рускиот претседател Владимир Путин го потпишаа минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ