Бизнис

Зголем прометот од продажба на услуги во четвртото тримесечје од 2023 година

14.03.2024г.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2023 година покажува зголемување во однос на четвртото тримесечје од 2022 за 3.7 %.
Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истото тримесечје од 2022 година, зголемување се јавува во поголем дел од одделите, а најголемо е во одделот Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) и изнесува 50.1 %, во одделот Дејности на вработување има зголемување од 42.4 % и во одделот Емитување програма, во кој зголемувањето изнесува 28.9 %.

ПРЕПОРАЧАНО