Радио Милева „ти си тој“

Тамара брои две за двајца складни, за љубов секогаш гладни (фото)

Тамара брои две за двајца складни, за љубов секогаш гладни (фото)

Музиката е нејзиниот живот, а тие за неа се рамни на музика за душа која би ја слушала засекогаш.

Наследниците Хана и Дарен и партнерот Лука се животот на Тамара Тодевска која изгледа како никогаш посреќна.

Дека тоа е така сведочиме секојдневно од редовните објави на социјалните мрежи каде таа нималку не се штеди да ја покаже својата среќа.

Голем дел од заслугата за насмевката на нејзиното лице, покрај Хана и Дарен е саканиот Лука за кој без резерва знае да напише дека е нејзиниот почеток и крај.

Лука Радовиќ и Тамара Тодевска викендов наздравија за две години љубов, две години откако пеперутнките во стомакот им ги сменија животите, почувствуваа и искусија дека се складни, а за љубов постојано гладни изминатите две години зад себе.

Поддршка еден за друг, секогаш и секаде, тој за неа и нејзините деца, таа за него и се’ околу него.

Наздравје за љубов!

фото:Instagram printscreen/tamaratodevska

To top