Општо

Студентите од УКИМ ќе организираат собири цела недела, во Кочани најавен протест

Автор: Игор Смилевски

17 март 2025, 09:58

Протестот во Кочани на социјалните мрежи е најавен за денеска во 13 часот

Студентите при УКИМ во Скопје ќе организираат собири во чест на жртвите и повредените

Студентите од УКИМ ќе организираат собири цела недела, во Кочани најавен протест

Facebook

Игор Смилевски
Новинар

По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а над сто се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест.

Протестот е закажан во 13 часот во Градскиот парк во Кочани.

„Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за град без партиски вработувања, за институции што функционираат, за полиција што  е тука за нас, за инспекциски служби што ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори што ќе бидат безбедни и чисти. Протестот е за правдата, за секој од нас, за секоја жртва што ја изгубивме и за сите нас што го живееме овој град секој ден“, се наведува во објава на Фејсбук.

Во меѓувреме и студентите од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (УКИМ) денеска, во 12 часот, на платото на универзитетот ќе одржат организиран заеднички час за искажување сочувство кон жртвите што настрадаа во вчерашниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Како што соопштија од Универзитетско студентско собрание при УКИМ, на заедничкиот час ќе им се даде и поддршка за побрзо закрепнување на повредените.

Од Универзитетско студентско собрание најавуваат дека заедничката настава и собирите ќе продолжат секој ден сè до 21 март.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

„Дополнително, ги повикуваме сите студенти на УКИМ и целата академска заедница во текот на целата недела да присуствуваат на организирани собири низ кампусите на УКИМ, за оддавање почит и изразување поддршка за жртвите на трагичниот пожар“, се наведува во соопштението објавено на социјалните мрежи. 

Во него се додава дека ќе има дополнителни информации во однос на локациите и времето на собирите.

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите