Суспендиран судијата Енвер Беџети – разрешен од Судскиот совет

од Марта Пешевска
32 прегледи

Судскиот совет го разреши апелациониот судија Енвер Беџети, дознава Телма. Одлуката е донесена зад затворени врати, а Беџети е суспендиран додека не стане правосилна.

Судијата беше веќе парично казнет откако цели девет месеци го држеше предметот „Таргет-Тврдина“ без да постапува. Предметот, поврзан со масовното нелегално прислушување, на крајот застаре.

Откако лани беше ставен на црната листа на САД поради сомнежи за мито, Судскиот совет повторно отвори постапка против него. Со него на листата заврши и поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој моментално е во бегство.

Беџети има право на жалба, но засега останува тргнат од функцијата.

Слични содржини