ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.11.2023
Шпанската фудбалерка Путељас пред рекорден трансфер
Автор: Goce Author

Шпанската репрезентативка и член на Барселона, Алексија Путељас, се очекува да стане првата фудбалерка во историјата која ќе потпише договор вреден повеќе од еден милион евра, јавија вечерва шпанските медиуми.

Шпанската репрезентативка и член на Барселона, Алексија Путељас, се очекува да стане првата фудбалерка во историјата која ќе потпише договор вреден повеќе од еден милион евра, јавија шпанските медиуми.

Според весникот „Ел Мундо Депортиво‘, светската шампионка со репрезентацијата на Шпанија и двократна носителка на наградата „Златна топка‘ има понуда од Барселона да го продолжи договорот за сума од еден милион евра, како и дополнителни 500.000 евра во бонуси.

Најголема плата во светот на женскиот фудбал во моментов има новата американска селекторка и сè уште актуелен тренер на Челзи, Ема Хејс. Нејзината селекторска плата ќе изнесува 1.28 милиони фунти.

Хејс на клупата на САД дојде на местото на македонскиот фудбалски стратег Влатко Андоновски, кој во август поднесе оставка по неуспешниот настап со американската репрезентација на женското Светско првенство во Австралија и Нов Зеланд.

 

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта

Автор: Јордан Величков

80 години од кодификацијата на македонскиот јазик одбележани во Брисел
Инклузијата на децата во училиштата не е избор, туку обврска