ШОК ВО АЗИСКАТА ЛШ: Роналдо и Ал Наср елиминирани од јапонски Кавасаки (ВИДЕО)

Фудбалерите на Кавасаки приредија вистинско изненадување во азиската Лига на шампиони, откако во полуфиналето го совладаа Ал Наср на Кристијано Роналдо со 2-3.

Јапонскиот тим поведе со предност од 0-1 уште во 10. минута со голот на Ито. Ал Наср израмни на 1-1 преку Мане во 28. минута, а до крајот на првиот дел Јапонците имаа и 1-2 со погодокот на Озеки во 41. минута.

Иенага во 76. минута зголеми на 1-3, додека Јахја во 87. минута ги постави конечните 2-3.

Во финалето Кавасаки за противник ќе го има Ал Ахли на нашиот Езгијан Алиоски.

Al Nassr 1 – [3] Kawasaki Frontale – Akihiro Ienaga 76'
byu/etclassico insoccer

Се вчитува...