Реал Мадрид договори големо засилување од Франција!

Она што со месеци наназад се шпекулираше сега доби и официјална потврда – комбо-бекот ќе го напушти Асвел и кариерата ќе ја продолжи во редовите на европскиот гигант од Мадрид.

Претседателот на францускиот клуб, Тони Паркер, лично потврди дека Маледон потпишал „богат договор“ со Реал. Во исто време, откри и други важни информации околу кадарот на Асвел.

„Би сакале да го задржиме, но шансите се многу мали со оглед на тоа колку пораснаа платите по влезот на Дубаи – сè стана прескапо. Имаме многу работа, мораме одново да градиме тим, како што направивме одлична работа со Тео Маледон. Целта ни е јасна – топ 3 во Франција и да бидеме конкурентни во Евролигата“, изјави Паркер.

Освен Маледон, од клубот заминаа и други имиња. Центарот Нил Сако ја активирал клаузулата за заминување и ќе премине во Валенсија, додека Парис Ли, поради високата цена, исто така си заминува. Жофри Ловерњ нема да биде дел од тимот следната сезона, а ситуацијата со Андреа Роберсон е неизвесна.

ФОТО/PHOTO: Asvel/Twitter